ЗАТВОРСКИ ПОЛИЦАЕЦ ШВЕРЦУВАЛ ДРОГА ВО „ИДРИЗОВО“ При претрес му нашле две пакувања со недозволени супстанци
Х.А. бил лишен од слобода и задржан во полициска станица, а во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Лишен од слобода е затворски полицаец, кој се обидел да внесе дрога во затворот Идризово, соопшти полицијата.
Вчера, (15.07.2025) во Полициската станица Гази Баба, од Казнено-поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека при претрес на Х.А.(42) од Скопје, вработен како полицаец во Затворска полиција, пронајдени се две пакувања и се посомневале дека пренесува дрога. Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје излегле на местото и било констатирано дека во пакувањата има растителна материја и бела прашкаста материја.
Х.А. бил лишен од слобода и задржан во полициска станица, а во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна пријава.