ЗАТВОРИТЕ СЕ ПРЕПОЛНИ, ПО ДВАЈЦА СПИЈАТ ВО КРЕВЕТ Зибери вели дека хигиената е катастрофа

373

Народниот правобранител Насер Зибери вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека 80 отсто од затворите низ Македонија се преполни, а затвореници се сместуваат по ходници до изнаоѓање на решенија.

Тој додава дека затворениците некаде спијат по двајца во еден кревет, додека пак хигиената е на катастрофално ниво.






Зибери истакна дека имаат поднесено претставки кон министри и носители на јавни функции, министерства…

– Имаме претставки и за работата на носителите на јавни функции, нема да кријам, дека со одредени ресори соработката оди тешко. Се разбира не за сите области и за сите проблеми, но за одредени прашања да – вели Зибери.

Поврзани содржини