ПОВЕЌЕ НЕМА ДА БИДАТ „ХОТЕЛ-ПРОМАЈА“ Она што се случува во затворите е срам за Македонија, ќе има одговорност!

Верувајте ми дека соодветно и навремено ќе реагираме за да го расветлиме и овој кривично-правен настан, бидејќи ова не е управна постапка. Не може затвореник кој наводно е во затвор да предизвика сообраќајка или да учествува во кражба – рече Тошковски.

633

Македонската јавност добро знае дека затвореници, додека биле во затвор, биле учесници во сообраќајни незгоди, биле дел од кривично-правни настани надвор од затворот, а сето тоа ќе биде соодветно процесуирано, одговори министерот Панче Тошковски, прашан за состојбата во затворот „Скопје“.

– Ова што се случува во затворите е срам за Македонија. Факт тоа што беше констатирано во текот на изминатите денови е така како што е. Верувајте ми дека соодветно и навремено ќе реагираме за да го расветлиме и овој кривично-правен настан, бидејќи ова не е управна постапка. Не може затвореник, кој наводно е во затвор, да предизвика сообраќајка или да учествува во кражба – рече Тошковски.






Тој посочи дека МВР е должно да ги истражи сите овие постапки за случувањата во затворите во Македонија.

– Во делот на откривање на криминалот во затворите од вакви размери, за што сведочи и јавноста, ние сме надлежни и ќе постапиме и тоа наскоро – рече министерот.

Во понеделникот, на прес-конференција, в.д. директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов ја информираше јавноста за настаните во затворот „Скопје“. Тој истакна дека затворот бил како „хотел-промаја“, затвореници влегувале и излегувале кога сакале, а сето тоа со усно одобрение на директорот Филип Андов.

„ХОТЕЛ-ПРОМАЈА“ Е ЗАТВОРОТ ВО ШУТКА Пандов најави кривична за Сокол, бидејќи тој усно давал наредби кој кога ќе влегува и излегува

Поврзани содржини