ЗАТВОРИТЕ КАКО РЕШЕТО И денеска избега затвореник, прошета низ Скопје, па полицијата го врати во затвор
Лицето е приведено во полициска станица Гази Баба, а потоа спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.
На подрачјето на Гази Баба денеска во 14.20 часот на улица Маџари, од полициски службеници од единицата за интервентна полиција при СВР Скопје е лишен од слобода Џ.Д.(24) од Скопје.
Како што информираа од МВР, за него била распишана локална потерница по објава од полициска станица Чаир, каде што во 12.00 часот било пријавено дека избегал од Казнено-поправната установа Затвор Скопје.
Лицето е приведено во полициска станица Гази Баба, а потоа спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.