„ЗАТВОРИ СИ ЈА УСТАТА, НЕМАШ ПРАВО НА ЗБОР?“ Еве каква порака му испрати Пандев на селекторот Милевски по поразот од Бугарија (ФОТО)

Во објавениот пост Пандев стави три емотикони кои означуваат „замолчи".

3,792

Доскорешниот капитен на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев преку социјалните својот Инстаграм му испрати порака на селекторот Благоја Милевски во врска со синоќешниот пораз од Бугарија (0:1).

Во објавениот пост Пандев стави три емотикони кои означуваат „замолчи”.






Не е јасно дали пораката на Пандев е несогласување со изјавата на Милевски дека македонската репрезентација играше добро во ова издание на Лигата на нации, или можеби е „погоден” од зборовите на селекторот искажани синоќа на прес-конференцијата дека „црвено-жолтите” пласманот на претходното Европско првенство го изборија со полесни ривали во Д-сегменот, а не низ евро-квалификациите.

Македонската репрезентација Лигата на нации 2022 ја заврши на третото место во четвртата група со биланс од две победи, три пораза и еден нерешен резултат.

Поврзани содржини