ЗАТВОРЕНИК ВО ШТИПСКИОТ ЗАТВОР ГИ НАТЕПАЛ ПОЛИЦАЈЦИТЕ Едниот го расекол со стаклен предмет
Како што објавија дел од медиумите, најверојатно станува збор за Жан Железарски, кој е осуден во случајот „Детонатор“. Овој случај се водеше за обид за убиство, злосторничко здружување, лихварство и за измама.
СВР Штип поднесе кривична пријава против Ж.Ж.(43) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.
На 19.03.2025 во Казнено-поправната установа Затвор Штип, три службени лица од установата го затекнале пријавениот со мобилен телефон, кој по усната наредба да го предаде телефонот, почнал да упатува закани кон тројцата, а на еден од нив со стаклен предмет му нанел повреда.
Како што објавија дел од медиумите, најверојатно станува збор за Жан Железарски, кој е осуден во случајот „Детонатор“. Овој случај се водеше за обид за убиство, злосторничко здружување, лихварство и за измама.
Железарски доби 14 ипол години затвор, а по закани упатени кон судијката Весна Димишкова, имаше дополнителни 2 години затвор.
Тој во јавноста беше актуелен откако на 9. минатиот месец директорот на Управата за извршување санкции – Александар Пандов на прес-конференција обелодени дека на 20 февруари годинава пред Затвор Штип во 21:40 часот имало обид за криумчарење дрога токму во затворот, а обвинета беше кучката Цеца која наводно украла рачен часовник и побегнала.