Во полициската станица Куманово, вработен во КПУ Затвор „К’шање” во Куманово пријавил дека дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу двајца затвореници, С.С.(30) од с.Ропаљце – Липково и М.М.(25) од Куманово, соопшти МВР.
– С.С. бил пренесен во Општата болница Куманово, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – велат од МВР.