Затвореник од притворското одделение во Затворот Скопје, вчера нападнал вработен и му нанел повреди на раката, соопшти МВР.
На 09.10.2020 во 11,30 часот во СВР Скопје, од притворското одделение во Затвор Скопје било пријавено дека притвореникот Д.Ф. од Скопје со остар предмет нападнал вработен во затворот и му нанел повреди на раката, се наведува во соопштението.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.