На 13.01.2025 во 21.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Казнено – поправната установа затвор Идризово, осуденикот В.М. физички нападнал затворски полицаец.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР.
На 13.01.2025 во 17.45 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Скопје било пријавено дека во полуотвореното одделение во установата, во соба на притвореникот А.А.(27) од Скопје биле пронајдени и одземени марихуана и кафеава прашкаста материја.