ЗАТВОРЕНИЦИТЕ ЌЕ ГО ЧИСТАТ КУМАНОВО Општокорисната работа помага во ресоцијализацијата на осудените лица
Директорите на „Чистота и зеленило“ и КПУ Затвор – Куманово денеска потпишаа Меморандум за соработка за општокорисна работа на осудените лица.
ЈП „Чистота и зеленило“ и КПУ Затвор – Куманово потпишаа Меморандум за соработка, за организирање општокорисна работа за осудените лица.
Соработката има цел да го поддржи ресоцијализацискиот процес на осудените лица, преку нивно активно вклучување во активности за чистење и одржување на јавните простори во општината.
– Очекуваме наскоро да бидат ангажирани осудените лица и да помогнат во одржувањето на хигиената на повеќе локации на подрачјето на општината. Претходните искуства покажуваат дека бенефитот е одличен и за самите осудени лица, им помага во нивниот процес на ресоцијализција, но и за претпријатието – изјави директорот на ЈП „Чистота и Зеленило“, Ненад Стојановски.
Соработката, нагласуваат од двете институции е во согласност со законските регулативи и се реализира за да се подобрат условите за живот на заедницата, како и да се поттикне одговорност и ангажираност кај осудените лица.
Претходно кумановскиот затвор потпиша меморандум за соработка и со Општата болница Куманово.