Затворениците да не се разболуваат – лекарска нега ќе добијат од септември

Министерството за здравство работи на модел како да се привлечат лекарите да работат во затворските. Моделот ќе стане функционален во септември.

204

Пред неколку години ја преземавме обврската, како Министерство за здравство да се грижиме за здравствената состојба на затворениците преку тоа што лекарите и медицинските сестри тогаш преминаа во здравствените домови. Иако имаше неколку огласи за Здравствениот дом во Скопје, не се пријавија млади лекари да бидат дел од тимовите што ќе пружат ваков вид на здравствена услуга , изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Тој додае дека работат подолг временски период на тоа како да развијат модел, односно се разгледуваат неколку можности, како на пример да се даде дополнителна финансиска стимулација на лекарите кои би го работеле тоа или да има системи на ротација на лекари кои во кој било момент ќе бидат на располагање на затворите, а лекарите и лекарските тимови ќе ротираат согласно своите распореди.






Министерот најави дека планот е при крај и од септември ќе биде ставен во функција.

Во однос на количините на метадон за зависници, тој информира дека во моментов има сосема доволна количина, се очекува да се надополни една количина за следниот месец, но и сегашните резерви се доволни и не се очекува сценарио во кое ќе има недостаток на метадон.

Поврзани содржини