ЗАТВОРЕНИЦИ КРИЕЛЕ НОЖЕВИ, МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ, ПАРИ Полицијата изврши претрес во затворот во Прилеп
При претресите се пронајдени и одземени: ножеви, мобилни телефони и полначи за мобилен телефон, парични средства во износ поголем од законски дозволениот кои осудените лица можат да ги поседуваат, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
Полицијата денеска спроведе координирана полициска акција во Казнено-поправниот дом Прилеп, каде што се пронајдени ножеби и други забранети предмети, соопшти МВР.
„При претресите се пронајдени и одземени: ножеви, мобилни телефони и полначи за мобилен телефон, парични средства во износ поголем од законски дозволениот кои осудените лица можат да ги поседуваат и друго. Одземените предмети ќе бидат предадени на затворска служба за понатамошна постапка“, соопштија денеска од МВР.
Оттаму додаваат дека се извршени претреси во Казнено-поправниот дом Прилеп, со цел пронаоѓање недозволиви или забранети предмети кај лица осуденици кои се на издржување казна затвор, во насока на превентивно делување и спречување на вршење на кривични дела во казнено-поправните установи.
„Овие претреси се во насока на превенција и спречување на вршење на кривични дела во казнено-поправните установи, со цел пронаоѓање на предмети кои се забранети за поседување согласно Законот за извршување на санкциите или се предмет на кривично дело извршено од страна на осудени лица од установата, а како резултат на продлабочената меѓуинституционална соработка“, информираат од МВР.