Островот Харт Исланд, снимен е со дрон, а на снимката се гледаат затвореници како во скафандери копаат гробови, пишува Дејли Мејл.
Според медиумот, најверојатно станува збор за погреб на жртви на коронавирусот кои во Њујорк однесе повеќе од 3.400 животи, а заразени се повеќе од 72.000.
Градоначалникот Бил де Бласио не потврдил дали таму се погребуваат жртвите на коронавирусот, но на новинарите завчера им одговорил:
Може ќе правиме привремени закопувања, па подоцна ќе решаваме за секое семејство одделно. Местото кое историски сме го користеле за тоа е островот Харт – рекол Де Бласио.
Островот Харт вообичаено се користи за погребување на неидентификувани тела. Користен е и за погребување по епидемијата на шпанскиот грип.