Затворени детските игралишта и спортски терени во Струмица

Со тоа општина Струмица ги проширува мерки за заштита и спречување на ширењето на коронавирусот - се вели во информацијата.

395

Мобилните тимови на општина Струмица и јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ денеска ги затворија сите детски игралишта, спортски терени и летниковци во Градскиот парк и пред станбените објекти, информираа вечерва од општината.

– Со тоа општина Струмица ги проширува мерки за заштита и спречување на ширењето на коронавирусот – се вели во информацијата.






Реквизитите и влезовите во игралиштата и спортските терени се излепени со лента, а од општината апелираат до граѓаните да се воздржат од користење на овие објекти, бидејќи така ќе го заштитат сопственото и здравјето на другите граѓани.

Поврзани содржини