ЗАТВОРЕНИ 4 КАФЕАНИ ВО ТЕТОВСКО Не ги почитувале здравствените мерки

Во четирите затворени објекти биле затекнати вкупно 27 лица без задолжителните кови-сертификати, а во 2 објекта затекнати се лица без соодветни лиценци кои вршеле работа како обезбедување на објектите.

163

Привремено се затворени 4 угостителски објекти вчера во Тетово и околни населени места во координирана акција на Министерството за внатрешни работи, Државниот пазарен инспекторат  и Управата за јавни приходи, кои извршиле инспекциски надзори во десетина угостителски објекти и казина на територијата на Тетовско. Од МВР соопштија дека објектите се запечатени со пломби од Инспекторатот, а нивното привремено затворање е по член 64 од Законот за заштита на населението од заразни болести.

Во четирите затворени објекти биле затекнати вкупно 27 лица без задолжителните кови-сертификати, а во 2 објекта затекнати се лица без соодветни лиценци кои вршеле работа како обезбедување на објектите.






-Во два објекта беа констатирани прекршоци по основ на Законот за заштита од пушење, а за три објекти побарана е дополнителна документација согласно Законот за угостителска дејност, така што постапката за нив продолжува до целосно разгледување на документацијата – информираа од МВР.

Во сите контролирани објекти изречени се и глоби од страна на Управата за јавни приходи по основ на неиздавање фискални сметки.

Поврзани содржини