ЗАТВОРЕНА ОМИЛЕНАТА ПЛАЖА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГРЦИЈА! Веќе имало неколку инциденти, увидот утврдил опасност од одрони
Од ресорното Министерство наведуваат дека опасноста од лизгање на земјиштето е последица на ерозија долж работ на плажата, која лежи под карпа од 200 метри и е достапна само со брод, јавуваат агенциите.
Една од најпопуларните грчки плажи, позната како Навагио на Закинтос, ќе биде затворена поради загрозена безбедност, соопшти грчкото Министерство за туризам. Увидот утврдил дека постои голема опасност од одрони на плажата опкружена со карпи.
Од ресорното Министерство наведуваат дека опасноста од лизгање на земјиштето е последица на ерозија долж работ на плажата, која лежи под карпа од 200 метри и е достапна само со брод, јавуваат агенциите.
Во 2018 година таму беа повредени седум лица, меѓу кои и семејство чешки туристи, кога огромна плоча се лизна од карпа. Навгио плажата, чие име значи бродолом, се смета за една од најпопуларните во Грција. Името го добил по остатоците од товарниот брод кој доживеал бродолом и станал заштитен знак на плажата. Бродот „Панајотис“ се насука на плажата во октомври 1980 година. Околностите за бродоломот се непознати, но има безброј приказни за настанот.
Многумина тврдат дека бродот од Југославија, Турција или Албанија шверцувал тутун, алкохол и според некои приказни и луѓе. Според приказните, бродот се насукал во заливот за време на едно од неговите шверцерски патувања. Според приказната на капетанот, бродот се враќал од албанското пристаниште Драч, а поради невреме и дефект се насукал на плажата во заливот Навагио.
Капетанот не открил што превезувал бродот, но по бродоломот судот му наредил да ги извади остатоците на свој трошок, што тој не го направил. Оттогаш, рѓосаниот брод и прекрасната плажа станаа мамка за туристите.