ЗАТВОРЕНА Е ЗООЛОШКАТА ГРАДИНА ВО СКОПЈЕ Се испитува дали има смртоносен вирус на дел од птиците

Засега нема официјални информации ниту од Зоолошката градина , ниту од Агенцијата за храна и ветеринарство.

1,049

Утрово е затворена Зоолошката градина, посетителите се евакуирани, но нема официјална информација кои се причините за тоа.

Неофицијално се тврди дека има појава на вирусот „птички грип“ кај гуска која долетала од езерцето од надвор.






Поранешниот директор на институцијата Ѓорѓи Галетановски на својот Фејсбук профил  објави дека станува збор за смртоносна бактерија „птичји грип“ и ги советува посетителите да направат тестови.

Тој пишува дека веќе има инспектори во Зоолошка.

И советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Кирков во свој пост на Фејсбук објави дека скопската зоолошка градина е затворена по налог на Агенцијата за храна и ветеринарство под сомнение за опасни вируси!

Засега нема официјални информации ниту од Зоолошката градина , ниту од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Плусинфо се обиде да исконтактира со одговорните во двете институции, но никој не се јавува на телефоните.

 

Поврзани содржини