Затворен воздушниот простор над куќата на Бајден во Вилмингтон
Сојузната Управа за авијација уште пред два дена, или само ден по изборите, воведе забрана за привремени летови над домот на Џо Бајден.
Затворен е воздушниот простор над домот на Џо Бајден, во местото Вилмингтон, во американската сојузна држава Делавер, и тоа сега е воздушен простор на американската национална одбрана.
Сојузната Управа за авијација уште пред два дена, или само ден по изборите, воведе забрана за привремени летови над домот на Џо Бајден.
Пилотите се известени за одлуката дека не смеат да летаат околку неговата куќа во радиус од километар и пол или една милја, што ќе биде во сила до следната среда.
Покрај тоа, воздушниот простор е затворен и над блискиот Центар Чејс, каде што е поставена сцена за потенцијалниот говор на Бајден, доколку победи на изборите.