Затворен угостителски објект во тетовско, приведени се сопственикот и неколку гости и вработени
Во објектот полицијата и пазарните инспектори пронашле 40 гости надвор од дозволеното време, а дел од гостите поседувале и дрога.
Во акција на полицијата и пазарните инспектори е затворен е угостителски објект во тетовско Жеровјане. Во него синоќа надвор од дозволеното време биле затекнати 40-ина гости, а дел од гостите поседувале и дрога. Приведени се сопственикот и уште неколку лица, поради непочитување на мерките за справување со коронавирусот и поради пронајдената дрога.
Полицијата соопшти дека, е приведен сопственикот на објектот Х.А.(31) од село Боговиње, поради постоење основано сомнение за кривични дела „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ и „Трговија со луѓе“. Приведени се и И.Д.(30) од Тетово бидејќи кај него била пронајдена прашкаста материја и Е.З.(21) од с. Горно Седларце, тетовско, кај кого била пронајдена марихуана.
Во објектот биле затекнати и седум државјанки на Србија, една државјанка на Бугарија и две наши државјанки кои работеле во угостителскиот објект и тие се лишени од слобода.
Објектот е затворен од Државениот пазарен инспекторат и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, најави МВР