Затворен угостителски објект во Куманово, работел по дозволеното работно време

По целосното документирање на случајот, против сопственикот ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“

279

Угостителски објект во Куманово е затворен, бидејќи работел по дозволеното работно време, соопшти денеска СВР Куманово. Вчера, полициските службеници од кумановската полиција извршиле контрола во угостителски објект на улица „Професор Мијаковиќ“ и во објектот биле заткенати гости и сопственикот.

– При контролата било констатирано дека објектот работи по дозволеното работно време за угостителски објекти, а во објектот биле затекнати десет лица – гости и сопственикот М.С.(48) од Куманово – соопштија од СВР Куманово.






Државен пазарен инспекторат го затворил објектот. По целосното документирање на случајот, против сопственикот ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Поврзани содржини