Затворен угостителски објект во Дебар, сопственикот приведен
За случајот е запознат Јавен обвинител од ОЈО Дебар и по неговото документирање ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик.
Од МВР информираат дека во текот на вчерашниот ден во периодот од 22.00 до 24.00 часот, од страна на полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи и Полициска станица Дебар, во содејство со инспектори од Државен пазарен инспекторат Струга извршена е контрола во угостителски објекти во Дебар.
– При контролата е констатирано дека во угостителски објект лоциран на ул.„8 Септември“, сопственост на К.Р.(23) од Дебар, не биле почитувани одлуките за превентивни препораки, времени мерки и протоколи за постапување и заштита на населението од заразната болест ковид-19. Сопственикот е лишен од слобода, а објектот е затворен со пломба – се вели во соопштението од МВР.
Оттаму додаваат дека за случајот е запознат Јавен обвинител од ОЈО Дебар и по неговото документирање ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија”.