Петнаесет гости во полициски час биле во кафуле во Чаир

422

Полициски службеници од СВР Скопје синоќа во 21.20 часот на подрачјето на Бит Пазар лишиле од слобода 15 лица, меѓу кои и еден малолетник, сите од скопско, бидејќи биле затекнати како гости во угостителски објект на улица Џон Кенеди.

Као што информира МВР, приведените лица биле затекнати во угостителскиот објект, кој работел по пропишаното работно време, при извршена контрола од инспектори од Државен пазарен инспекторат, во содејство со полициски службеници.






„Од страна на ДПИ објектот е запечатен со пломба и затворен, а против лицата ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик“, информира МВР.

Поврзани содржини