Затворен и „Европа пазарот“ во Шутка

627

Државниот пазарен инспекторат, заедно со Управата за јавни приходи го затворија „Европа пазарот“ во Шутка се додека не помине опасноста од ширење на коронавирусот.

И од фејсбук групата „Шутка пазар – Европа пазар“ известија дека решиле да паузираат.






– Нашиот пазар моментално е опасна закана за нашите сограѓани. Во Шутка секој ден имаме огромна посетеност. Од тие причини објавуваме дека пазарот е затворен. Самостојно како пазар одлучуваме да паузираме. Шутка е послушна, следува дезинфекција и реновирање на објектот – информираа од групата.

Некои продавачи реагираа дека по затворањето на пазарот многу семејства ќе бидат погодени бидејќи егзистираат од продажбата и затоа бараат помош од општината и од државата.

Поврзани содржини