ЗАТВОРЕН E ПАТОТ ВЕЛЕС – ГРАДСКО До 3 јуни ќе се асфалтира коловозот
Сообраќајот на останатите патишта се одвива непречено, по влажни коловози.
Од вчера до 03. јуни на регионалниот Велес – Градско, во периодот од 08 до 16 часот ќе се изведуваат градежни активности, односно асфалтирање. Поради тоа во тој период патниот правец ќе биде целосно затворен за сообраќај, информриа АМСМ.
Сообраќајот на останатите патишта се одвива непречено, по влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.