ЗАТВОРЕН ДЕЛ ОД АВТОПАТОТ КАЈ МАРВИНЦИ ПОРАДИ ПОЖАР Кај Гостивар-Стража се санира мост, возилата се пропуштаат во една лента
Виадукт Трејд – Дооел од 01.09.2025 г. започна со нова фаза на градежни активности , односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај - времена семафоризација со наизменично пропуштање на возилата при санација на мост Здуње (мост на река Вардар), државен пат А2, делница Гостивар - Стража во временски период од 6 (шест) месеци.
Магистралниот пат А1 од вчера попладне е затворен за сообраќај поради пожарот кај клучка Марвинци, информира АМСМ.
Виадукт Трејд – Дооел од 01.09.2025 г. започна со нова фаза на градежни активности , односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај – времена семафоризација со наизменично пропуштање на возилата при санација на мост Здуње (мост на река Вардар), државен пат А2, делница Гостивар – Стража во временски период од 6 (шест) месеци.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.