🎥 ЗАТВОРЕН БЕЛГРАДСКИОТ АЕРОДРОМ „НИКОЛА ТЕСЛА“, ПАТНИЦИТЕ ДРАМАТИЧНО ЕВАКУИРАНИ Пилот на „Ер Монтенегро“ добил дојава за бомба
Компанијата тврди дека безбедноста на патниците во ниту еден момент не била загрозена.
Црногорската авиокомпанија „Ер Монтенегро“ вечерва соопшти дека сообраќајот на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград е прекинат поради дојава за бомба во авион на „Ер Монтенегро“.
„Дојвата за бомба се случила во моментот кога авионот бил на земја. Авионот го проверуваат безбедносните служби на Република Србија, а патниците и екипажот ќе бидат на безбедно додека не се извршат сите потребни контроли“, соопшти компанијата „Ер Монтенегро“, пренесуваат црногорските медиуми.
Компанијата додава дека безбедноста на патниците во ниту еден момент не била загрозена.
View this post on Instagram