ЗАТВОРЕН АКРОПОЛ ВО АТИНА ПОРАДИ ЕКСТРЕМНИ ТЕМПЕРАТУРИ Вчера биле измерени 44,9 степени во централна Грција

Новиот топлотен бран што ја зафати земјата, според најавите и прогнозите се очекува да трае до недела, а четврток и петок веројатно ќе бидат најтоплите денови.

273

Поради топлотниот бран и високите температури што од вчера ја зафатија Грција, археолошките локалитети во Атина, како и Акропол заклучно со петок, ќе бидат затворени за туристи во периодот од 12 до 17 часот, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за култура на Грција и од Археолошката управа во Атина соопштија дека одлуката што важи до 25 јули е за заштита на вработените и посетителите од високите температури.






Новиот топлотен бран што ја зафати земјата, според најавите и прогнозите се очекува да трае до недела, а четврток и петок веројатно ќе бидат најтоплите денови.

Вчера, како што објави МИА, во централна Грција била измерена температура од 44,9 степени Целзиусови, што воедно е и највисоката регистрирана во текот на вчерашниот ден, додека пак според податоците на Националната опсерваторија во Атина и порталот Метео, 102 од 550 метеоролошки станици измериле температури над 40 степени.

Акропол и на почетокот на месецов, при првиот топлотен бран во земјата, беше затворен на неколку часа поради високите температури.

Поврзани содржини