ЗАТВОР ЗА ФАЛСИФИКАТОРИТЕ, ПАРИЧНА КАЗНА ЗА ОНИЕ ШТО КУПИЛЕ Во Швајцарија се откриени 8.000 лажни сертификати
Истражувањето сега е насочено кон група вработени кои работат во приватен центар за тестирање, бидејќи нивната работа им овозможи пристап до националниот систем за сертификација за вакцинација.
Повеќе од 8.000 фалсификувани сертификати за вакцинација се издадени во швајцарскиот кантон Сент Гален, изјави регионален претставник.
Истражувањето сега е насочено кон група вработени кои работат во приватен центар за тестирање, бидејќи нивната работа им овозможи пристап до националниот систем за сертификација за вакцинација.
Осомничените ќе треба да платат одредена сума или ќе се соочат со казна затвор до пет години.
Оние кои платиле големи суми за лажни потврди за вакцинација добиле и казни или морале да платат одредена сума, велат од кантоналната управа.
Со стапка на вакцинација од околу 61 отсто од населението, Сент Гален е еден од најслабите швајцарски кантони.
Во цела Швајцарија се вакцинирани речиси 67 проценти.