ЗАТИШЈЕ ПРЕД БУРА ЗА КРИПТОВАЛУТИТЕ Биткоинот се приближува на рекордот од 112.000 долари
Денеска биткоинот достигна вредност од 109.592 долари.
Биткоинот вчера се купуваше по цена од 110.000 долари која е близу рекордот од 112.000 долари од мај годинава што говори дека оваа криптовалута повторно зема замав.
Денеска биткоинот на Binance.com се продава за 109.592 долари.
Втората најголема криптовалута, етер, порасна за 8% во споредба со 24 часа и речиси достигна 2.800 долари, но денеска падна на 2.770 долари.
Основачот на Ethereum, Виталик Бутерин, неодамна изјави дека 2026 година ќе биде годината на Ethereum по сите иновации и ажурирања, па затоа инвеститорите очекуваат висок раст на етерот, кој сè уште е за околу 45% под неговата рекордна вредност.