ЗАТАШКА ЛИ КОЦЕВСКИ НАД 40 ПРЕДМЕТИ ПРОТИВ СДСМ И ДУИ ЗА ВИСОКА КОРУПЦИЈА? Дојде крајот на темниот период во Обвинителството

Коцевски го водеше Обвинителството речиси 2 години и не направи ниту една реформа, напротив, делуваше во заштита на криминалите на СДСМ и ДУИ и на нивните функционери, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

2,454

Љупчо Коцевски тактизираше дури и со сопствената оставка и одлучи да ги пресретне непријатните дискусии во Собранието и вистината за неговото работење како јавен обвинител, соопшто ВМРО-ДПМНЕ.

Со оставката, додава партијата, Коцевски ги призна проблемите во Јавното обвинителство, кое беше компромитирано и под негово водство беше институција со изгубен легитимитет.






„Коцевски го водеше обвинителството речиси 2 години и не направи ниту една реформа. Напротив, Обвинителството во време на Коцевски делуваше во заштита на криминалите на СДСМ и ДУИ и нивните функционери. Тактизирањето на Коцевски и задоцнетата оставка е показател за длабоките проблеми, корупцијата и обидот да се зачува статус кво на Обвинителството“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Коцевски, се додава во соопштението, е првиот државен обвинител на кого Парламентот му изгласа недоверба, но тој не пропушти да тактизира, за да извлече барем ден плус во заштита на функционерите на СДСМ и на ДУИ.

„Со оставката на Коцевски се става крај на темниот период во Обвинителството како партиски механизам за заштита на СДСМ и на ДУИ. Оставката на Коцевски не е персонално, туку системско решение и е јасна порака дека никој не е недопирлив“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Дали со тактизирањето со оставката на Коцевски се купуваше време за неговите наредбодавци, дали е точно дека група обвинители на чело со Коцевски заташкуваат над 40 предмети за висока корупција на функционери од СДСМ и од ДУИ, прашува партијата.

„Оставката на Коцевски е победа за правната држава, крај на партизацијата и почеток на европеизацијата. Ова не е крај, туку почеток на неселективна и навремена правда. ВМРО-ДПМНЕ ќе инсистира за независно, професионално и департизирано Обвинителство. ВМРО-ДПМНЕ ќе инсистира на реформи во правосудството за навремена и неселективна правда, каде ќе се почитуваат законите и владеење на правото. ВМРО-ДПМНЕ ќе инсистира на градење на институциите и враќање на довербата на граѓаните во правосудството“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поврзани содржини