Заталкан куршум паднал врз возило на скопјанец во Рашче, соопшти МВР.
Како што е наведено во полицискиот билтен, на 26.07.2024 во 23.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 22.40 часот во селото Рашче, Скопско, на кров од патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.Б. од Рашче, паднало заталкано зрно од огнено оружје.
Полициски службеници од СВР Скопје го подигнале зрното за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот.