ЗАСТРЕЛАНО МОМЧЕ ПРЕД СВОЈАТА КУЌА ВО СКОПЈЕ Кавгата со соседите прераснала во крвопролевање

Недоразбирање за сообраќајна ситница заврши со оружје, 25-годишен скопјанец прострелан пред својот дом.

1,556

О.Е. (25) од Скопје бил застрелан во градниот кош и раката и со повреди од огнено оружје бил пренесен во Ургентниот центар при Клиничкиот комплекс „Мајка Тереза“. Настанот, како што информира МВР, се случил ноќеска околу 00:30 часот пред неговиот дом во скопската населба Бит Пазар.

Според пријавата, сè започнало со недоразбирање во сообраќајот помеѓу О.Е. и неговиот сосед Ќ.Ч., кое прераснало во жестока расправија, а потоа и во физички напад врз О.Е.






По тоа, Ќ.Ч. заедно со лицата М.Ч., Ш.Ч., О.Ч. и Б.М. насилно влегле во дворот на О.Е., каде ги нападнале и неговиот татко Д.Е. и братот М.Е. Во текот на нападот, Ќ.Ч. извадил пиштол и испукал неколку куршуми, при што го погодил О.Е. во градниот кош и раката.

На местото на настанот увид извршила екипа од СВР Скопје, при што биле пронајдени три чаури од огнено оружје.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави против сторителите.

Поврзани содржини