Неколку лица се застрелани, а едно е уапсено денеска во трговски центар во Копенхаген, соопшти данската полиција.
Полицијата на Твитер објави дека пристигнала во трговскиот центар „Филдс“ по пријави за пукање. Таа ги советувала оние кои се нашле внатре да се скријат и да чекаат помош од полицијата.
Локалните медиуми објавија фотографии од вооружени полицајци на местото на настанот, како и луѓе кои бегаат од центарот.
Според последните информации, загинаа три лица, двајца млади, чија возраст не е прецизно наведена, како и машко лице во четириесеттите години. Има повеќе повредени, од кои тројца се во критична состојба.
Осомничениот, 22-годишен Данец, кој при апсењето не пружал отпор, на полицијата ѝ е познат, но, „само површно“, појасни главниот инспектор на полицијата во Копенхаген, Сорен Томасен.
Неговите мотиви за нападот сè уште не се целосно јасни.
Британскиот пејач Хари Стајлс требаше да одржи концерт во блиската сала во 20 часот по локално време.