ЗАСТРЕЛАН ШИНЅО АБЕ Го погодиле со два куршума, не покажувал знаци на живот (ВИДЕО)

Врз поранешниот премиер на Јапонија Абе се истрелани два куршума, а вториот куршум го погодил во грб. Тој бил префрлен во болница, но не покажувал знаци на живот.

1,529

Поранешниот премиер на Јапонија, Шинѕо Абе (67) е застрелан додека држел говор за време на предизборна кампања во градот Нар.

Врз Абе се истрелани два куршума, а вториот куршум го погодил во грб. Тој бил префрлен во болница, но не покажувал знаци на живот.






Напаѓачот е 41-годишниот Тацуја Јамагами од Нара, кој е уапсен по инцидентот. Според неофицијални информации, атентатот е извршен со рачно изработен пиштол.

Фуџи ТВ објави дека Јамагами бил поранешен припадник на јапонската морнарица.

Абе беше премиер една година во 2006 година, а потоа од декември 2012 до септември 2020 година, кога се повлече од функцијата поради здравствени проблеми.

Поврзани содржини