ДРОГА ВО ЏЕБОТ – На 12.08.2020 во 13.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Марко Орешковиќ“ го лишиле од слобода М.К.(34) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
УАПСЕНИ ПОРАДИ МАРИХУАНА – На 12.08.2020 во 21.40 часот, полициски службеници од СВР Скопје на кеј „Димитар Влахов“ ги лишиле од слобода Ф.С.(26) од с.Желино и Н.А.(22) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
МИГРАНТИ ВО КАМИОН – На 12.08.2020 околу 18.00 часот, на автопатот Штип – Свети Николе, поточно кај с.Кривидол, полициски службеници забележале товарно возило „мерцедес вито“, со пробни регистарски ознаки, по што истото застанало на автопат, а возачот и совозачот се дале во бегство. При проверка на возилото биле пронајдени 25 мигранти и тоа 19 од Пакистан, пет од Авганистан и еден од Индија, кои биле предадени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот.
ТЕШКА СООБРАЌАЈКА – На 12.08.2020 во 20.45 часот било пријавено дека на патот Градско – Прилеп, кај с.Раец, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „мерцедес“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Т.А.(56) од Битола и патничко возило „ланчија“, со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Љ.П.(42) од Кавадарци. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Љ.П., констатирани во Општата болница Кавадарци. Извршен бил увид на местото на незгодата од Полициската станица Кавадарци.
АПСЕЊЕ НА ГРАНИЦА – На 12.08.2020 во 17.15 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“, на влез во Република Северна Македонија, бил лишен од слобода Л.А.(38) од Р.Албанија, бидејќи при извршените гранични проверки било констатирано дека се наоѓа во оперативните евиденции со мерка „апси“, по барање на МВР-СМПС-Интерпол од Франција. Тој бил предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.
ПРОНАЈДЕНИ БОМБИ – На 12.08.2020 во 17.08 часот во Полициската станица Новаци било пријавено дека при ископување во ловиштето „Ниџе“ биле пронајдени рачни бомби од Првата светска војна. Пронајдените бомби во текот на денот ќе бидат подигнати од местото на настанот од страна на претставници на Дирекцијата за заштита и спасување.
РАНЕТ ПРИЛЕПЧАНЕЦ – На 12.08.2020 во 22.00 часот во Полициската станица Прилеп од Општата болница Прилеп било пријавено дека кај нив бил донесен Г.Н.(58) од Прилеп, со повреда здобиена од огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ПАЈАК ЗБИРА – Во текот на 12.08.2020 на подрачјето на СВР Скопје санкционирани се четири возила бидејќи биле нерегистрирани, двајца возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило, шест возачи затоа што управувале возила со брзина поголема од дозволената, а 52 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.