ЗАСТРЕЛАН ФИЛИПИНСКИ НОВИНАР Егзекуција пренесувана во живо

237

Познат радио новинар на Филипините бил застрелан додека вршел директен пренос на неговата емисија.

Националната унија на новинари на Филипините (НУЈП) во соопштение објави дека 57-годишниот радио радиодифузер Хуан Џумалон – професионално познат како диџеј Џони Вокер – бил убиен во Мисамис Оксидентал. Работел за радио станицата „Gold FM 94,7“ на Филипините.






Локалните медиуми соопштија дека нападот од неидентификувани вооружени лица бил фатен на преносот во живо на радио станицата на Фејсбук.

Националната унија на новинари на Филипините го нарече нападот врз Џумалон „дрско убиство“.

– Нападот е уште повеќе за осуда бидејќи се случи во домот на Џумалон, кој служеше и како радио станица. Многу новинари од заедницата ни пријавија дека добиваат закани од политичарите и нивните поддржувачи по нивното покривање на изборите во Барангај и Сангујанг Кабатаан минатата година на 30 октомври –  изјавил член на НУЈП.

 

Поврзани содржини