📽️ ЗАСТРЕЛАН 40 ГОДИШНИК ВО ТЕТОВО Први снимки од местото, продолжение на пукањето кај тетовската болница?!
Според информациите на ТВ21, жртвата е маж со иницијали Р.Т., на возраст од околу 40 години.
Убиство вечерва ги вознемири тетовчани. Во населеното место Мема поладнево се случи убиство, а како што јавуваат тамошните медиуми ова е продолжение на пукањето од болницата во Тетово.
Според јавувањата на медиумите фамилиите и претходно имале нерасчистени сметки.
„Ваквото пукање е продолжение на пукањето пред извесно време кај тетовската болница“, јавуваат од ТВ21.
Според информациите на ТВ21, жртвата е маж со иницијали Р.Т., на возраст од околу 40 години.
„Во 20.35ч. во СВР Тетово е пријавено дека на ул. Штипска едно лице кое било со возило мерцедес пукало кон возило бмв во кое било лицето со иницијали Р.Т., кое од добиените повреди починало. Полициски службеници од СВР Тетово преземаат интензивни мерки и активности за расчистување на случајот“, информираат од МВР.
Во продолжение може да видите и видео од местото на злосторот.