ЗАСТРАШУВАЧКО ВИДЕО ПРИСТИГНУВА ОД САД Мајка фатена како фрла новороденче завиткано во црна кеса во контејнер (ВИДЕО)
По пристигнувањето, службениците му пружиле помош на новороденото дете, а бебето со возило на Брза помош било пренесено во локалната болница, се вели во соопштението од полицијата.
Се појавија снимки на кои се гледа како тинејџерка го фрла своето новороденче во контејнер во Ново Мексико, за потоа детето да биде пронајдено живо неколку часа подоцна од три лица кои пребарувале низ ѓубрето, соопшти полицијата.
Алексис Авила (18) била видена како пристигнува до контејнер на Норт Торп во Хобс околу 14 часот. На видеото се гледа како таа извлекува црна кеса за ѓубре од автомобилот и ја фрла во контејнер, се вели во соопштението на полициската управа Хобс на Фејсбук.
Шест часа подоцна, тројца луѓе кои пребарувале низ ѓубрето, ја извадиле кесата, погледнале внатре и го пронашле бебето.
Жената брзо го завиткала новороденчето и го однела бебето во камионот додека мажот кој бил со неа повикал полиција.
– По пристигнувањето, службениците му пружиле помош на новороденото дете, а бебето со возило на Брза помош било пренесено во локалната болница. После тоа детето е пренесено во болницата во Лубок на понатамошно педијатриско лекување – се наведува во соопштението на полицијата.
Според информациите бебето моментално е во стабилна состојба.
Полицијата соопшти дека успеала да ја земе снимката од надзорната камера и на тој начин го лоцирала возилото на Авила.
Тинејџерката признала дека родила бебе и го фрлила новороденчето во контејнер, соопшти полицијата.
По апсењето, Авила беше обвинета за обид за убиство по што ќе следи судење пред Окружниот суд.
Останува не јасно зошто тинејџерката не го однела новороденото бебе на локацијата „Safe Haven“ во состојба која дозволува несаканите бебиња да бидат оставени на полицијата, пожарникарите или болничарите (лично) додека не наполнат 90 дена.