📽️ ЗАСТРАШУВАЧКИ СНИМКИ ОД НЕВРЕМЕТО ВО ИТАЛИЈА Се урна мост, луѓе се отсечени од светот, надојдена вода однесе тракторист!

Водата ги поплави улиците на Торино, Вал ди Суза и Вал Сисонеа. Реката Џерардо се излеа што предизвика уривање на мостот во селото Ѓордани, кој беше затрупан од карпи и камења.

1,044

Силно невреме го погоди италијанските региони Пиемонте и Ломбардија при што предизвика поплави од кои настанаа големи штети.

Водата ги поплави улиците на Торино, Вал ди Суза и Вал Сисонеа. Реката Џерардо се излеа што предизвика уривање на мостот во селото Ѓордани, кој беше затрупан од карпи и камења.






Според првите информации, во селото Комбе биле заглавени дваесетина луѓе. Реката се излеа и во градот Бусолен, при што беше прекинат сообраќајот на државниот пат, при што беа изолирани триесетина лица.

 

Во близина на Торино исчезна маж (58), чиј трактор го однела поројна река. Пожарникарите трагаат по него, а лошото време го отежнува спасувањето. Од брегот до кој се стигнува по земјен пат кој сега е пресечен од вода, може да се забележи возило превртено во коритото на реката и испакнато од матната вода, пишува Анса.

Силен дожд со кратки, но силни налети на ветер го погоди и градот Бари, предизвикувајќи поплави и прекин на сообраќајот. Подвозникот во центарот на градот и железничкиот подвозник се поплавени и затворени за сообраќај. Гром предизвика неколку минути замрачување во центарот на градот.

Во Венеција плимата повторно предизвика проблеми. Плоштадот Свети Марко е под вода, а системот на браната Мозе не е активиран, па се огласиле сирените за тревога. Дополнително, граѓаните добија и СМС пораки со предупредување за опасност од поплави.

 

Постојаните дождови во Милано предизвикаа покачување на нивото на неколку реки. Реката Ламбро надмина 2,60 метри, па евакуирани се два домови за стари лица. Населбата Понте Ламбро е поплавена бидејќи реката влегла во канализацијата.

Пожарникарите мораа да интервенираат за да ги спасат луѓето од четири автомобили кои останаа затрупани во поплавен подвозник, а една од интервенциите на пожарникарите во четвртокот беше да ги спасат луѓето во него.

Ветровите со брзина од над 100 км/ч во Џенова и обилните врнежи од дожд во западна Лигурија урнаа дрвја и билборди многу области беа поплавени.

Во Тоскана е снимено торнадо кое носи лежалки и чадори на плажа.

 

Поврзани содржини