ЗАСТОЈ ПОРАДИ НОВИТЕ МЕРКИТЕ ЗА ВЛЕЗ И ИЗЛЕЗ На Табановце се чека еден час

На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.

267

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На Г.П. Табановце има задржување од околу еден  час, додека на останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно суви коловози.






АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поврзани содржини