ЗАСТАРЕНОСТА НА ДЕЛОТО НА ДАРАВЕЛСКИ Е ГОТОВА РАБОТА Обвинителот Бубевски смета дека може да сe конфискува неговиот имот
Овде ќе има простор да се оди директно на конфискација на имотот и на имотната корист, затоа што таа не зависи од застарувањето – вели јавниот обвинител Гаврил Бубевски.
Застареноста на делото за Драган Даравелски е веќе завршена работа, но конфискација на имотот не зависи од застарувањето, вели во неделното интервју за Радио Слободна Европа основниот јавен обвинител Гаврил Бубевски.
– Поднесовме жалба, но Апелацискиот суд ја потврди одлуката на Кривичниот суд. Со тоа мислам дека застареноста за кривично гонење со повторување на постапката за овој обвинет е веќе завршена работа. Но можеби и веројатно овде ќе има простор да се оди директно на конфискација на имотот и на имотната корист, затоа што таа не зависи од застарувањето и ќе видиме со надлежниот обвинител од кога би се констатирала таа застареност да се почне постапката за конфискација на имот и имотна корист којашто е независна од ова – вели Бубевски во интервјуто.
Според Бубески реална е веројатноста поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков да се спаси од казна во „Титаник 2“, но се надева дека нема да застарат предметите „Таргет-тврдина“ и „Трезор“ во кои исто така тој е еден од обвинетите. Бубевски не очекува со супервештачењето, вината за автобуската несреќа кај Ласкарци да падне само врз возачот.