ЗАСТАРЕ ПРЕДМЕТОТ „ТЕНДЕРИ“ НА СЈО Измените на Кривичниот законик ја куртулија Канческа-Милевска

По пет години судење, минатата година Кривичниот суд донесе ослободителна пресуда, а кога случајот стигна на Апелација беше утврдена застареност.

383

Поради неодамнешните измени на Кривичниот законик застаре случајот „Тендери” што го отвори Специјалното јавно обвинителство (СЈО), а во кој една од обвинетите беше поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска.

По пет години судење, минатата година Кривичниот суд донесе ослободителна пресуда, а кога случајот стигна на Апелација беше утврдена застареност.






Според обвинението, ексминистерката се гонеше за наместен тендер со „Бетон Штип“, кој вредел милион евра.

Спорното, според Јавното обвинителство, е тоа што било договорено фирмата да почне да работи, а тендерот да се објави подоцна.

Неодамна, поради законските измени на КЗ застаре и кривичниот прогон на Канческа-Милевска за предметот „Скопје 2014″, во делот кој се однесуваше на спомениците.

Поврзани содржини