ЗАСЛУЖИВМЕ ПОВЕЌЕ ОД БОД Тренерот на Аталанта не е задоволен од ремито против Интер

Во натпреварот од 22. коло на италијанското првенство, Аталанта и Интер во Бергамо одиграа нерешено, 0:0.

247

Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини, не е во целост задоволен од нерешениот исход синоќа во дербито со Интер.

Во натпреварот од 22. коло на италијанското првенство, Аталанта и Интер во Бергамо одиграа нерешено, 0:0.






– Игравме многу добро. Беше тежок натпревар, но со нив игравме рамноправно. Мислам дека направивме малку повеќе од нив, бидејќи Интер седеше многу длабоко и чекаше да направиме грешка за да ги пробие нашите редови. Користеа двајца нови напаѓачи и мислам дека генерално заслужуваме нешто повеќе – изјави Гасперини.

Интер е прв на табелата во Серија А со 50 бодови, додека Аталанта е четврта со 42 бода.

Поврзани содржини