ЗАСЛУЖЕНА ПОБЕДА, 5 ГОЛА ОД 5 ИГРАЧИ ПРОТИВ ЛИХТЕНШТАЈН Играме да го оствариме нашиот сон, вели Елмас
На овој дуел сите пет голови ги постигнаа пет различни играчи. На почетокот на вториот дел нашиот тим зголеми на 2:0, а стрелец беше капитенот Енис Барди. На 3:0 четири минути подоцна зголеми Дарко Чурлинов, а четвртиот гол го постигна Лирим Ќамили во 86.минута. Конечните 5:0 ги постави Лука Станковски во 90.минута.
Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Скопје го совлада Лихтенштајн со 5:0. Со новите три бодови македонскиот национален тим се врати на првата позиција на табелата во групата Ј од квалификациите за СП 2026.
Македонските репрезентативци беа расположени за игра, а серијата голови ја отвори Елиф Елмас откако мина пет противнички играчи. Официјално голот е запишан како автогол на голманот на Лихтенштајн Бенџамин Бухел.
На овој дуел сите пет голови ги постигнаа пет различни играчи. На почетокот на вториот дел нашиот тим зголеми на 2:0, а стрелец беше капитенот Енис Барди. На 3:0 четири минути подоцна зголеми Дарко Чурлинов, а четвртиот гол го постигна Лирим Ќамили во 86.минута. Конечните 5:0 ги постави Лука Станковски во 90.минута.


– Среќен сум за победата. Најважно е што ги освоивме бодовите на овој натпревар и заслужено победивме со 5:0. Ние секогаш кога играме, играме да победиме и со тоа да го оствариме нашиот сон. Сакам да играме на Европско првенство, на Светско првенство, да напредуваме и да бидеме идоли на некои нови млади деца и да бидеме поттик за нив – изјави стрелецот на првиот гол на денешниот дуел Елиф Елмас.

Следен противник на нашата репрезентација е Белгија на 10.октомври на гостински терен.
Вечерва во терминот од 20:45 часот играат Белгија – Казахстан.
Избраниците на селекторот Благоја Милевски се на првата позиција со 11 бодови од 5 натпревари, Велс е втор со 10 (5), Белгија има 7 на третото место (3), Казахстан е на четвртото место со 3 бодови (4), а Лихтенштајн е последен без бодови од пет натпревари.
Македонија следниот натпревар го игра на 10.октомври на гости против Белгија.