Засилени контроли во Чаир, казнети 18 лица без возачка дозвола
Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, наведено е во соопштението на МВР.
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, соопшти МВР.
„Само на територијата на Чаир изречени се вкупно 131 санкција, меѓу кои за возење без возачка дозвола 18 лица, 19 технички неисправни и нерегистрирани возила, 18 санкции за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, наведено е во соопштението.