Засилена санитарна контрола на српските гранични премини

Граѓаните на овие земји кои влегуваат во Србија мора да имаат негативен ПЦР тест не постар од 48 часа од денот на издавањето.

206

Србија на сите гранични премини ја зајакна санитарната контрола поради на враќањето на туристите од летните годишни одмори од земји со зголемен број на пациенти заболени од ковид-19.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, српската влада воведе мерки за патници од земји со неповолна епидемиска состојба, меѓу кои се Македонија, Бугарија, Романија и Хрватска.






Граѓаните на овие земји кои влегуваат во Србија мора да имаат негативен ПЦР тест не постар од 48 часа од денот на издавањето.

На другите патници српската гранична полиција им дели предупредувања во кои се наведени карактеристиките и симптомите на ковид-19, со истакнати телефонски броеви на институтите за јавно здравје.

Според новите правила кои ги донесе Министервото за здравство на Србија, македонските државјани кои транзитираат низ територијата на Србија, не е потребно да приложуваат негативен ПЦР тест при влез во оваа земја, со тоа што периодот за транзитирање е лимитиран на 12 часа од моментот на преминување на границата.

Поврзани содржини