Заштитни маски ќе носиме и по вакцинирањето

Носењето маски нема да престане веднаш и тие ќе се носат сè додека не забележиме дека целосно е победена болеста - изјави Крунослав Чапак, пренесе „N1“.

344

Директорот на хрватскиот Завод за јавно здравје, Крунослав Чапак, рече дека заштитни маски треба да носат и луѓето кои веќе го победиле коронавирусот, па дури и оние кои ќе ја примат вакцината против ковид-19.

– Носењето заштитни маски е задолжително за сите луѓе, бидејќи не можете да знаете каде се наоѓа вирусот, без разлика дали пациентот веќе ја добил битката. Организмот може да ја победи болеста, но тоа не значи дека вирусот целосно е исфрлен од телото. Истото важи и за оние луѓе кои ќе ја примат вакцината против ковид-19. Носењето маски нема да престане веднаш и тие ќе се носат сè додека не забележиме дека целосно е победена болеста – изјави Чапак, пренесе „N1“.

Поврзани содржини