ЗАСЕКОГАШ ЦАР Том Хенкс непоканет упаднал на венчавка (ФОТО)

Хенкс во текот на викендот престојувал во Санта Моника, а на една од тамошните плажи се одвивала свадбена церемонија.

962

Славниот актер Том Хенкс (65), непоканет, во текот на викендот, упаднал на венчавката на новиот брачен пар – девојки кои го изговориле судбоносното „да“.

Имено, Хенкс во текот на викендот престојувал во Санта Моника, а на една од тамошните плажи се одвивала свадбена церемонија.






Откако ги размениле брачните завети, Хенкс одлучил да ги изненади и заедно со нив да прослави и да се фотографира. Ташија и Дисембер Фарис биле шокирани.

„Мислам дека е сигурно дека нашата венчавка ќе се памети. Најдобриот ден во мојот живот се претвори во најдобриот спомен од животот. Благодарам Том Хенкс, што го „зачинивте“ нашиот прекрасен и неверојатен ден“, напишала Ташијаа во објавата на Инстаграм.

 


Оваа штотуку венчана девојка била повикана да се вклучи во емисијата „Today Show“ каде ја прокоментирала целата ситуација.

„Неговото доаѓање беше шеќер на крајот од нашиот посебен ден“, изјавила Фарис во емисијата.

Инаку, ова не е прва венчавка на која Хенкс се појавил како непоканет гостин.

Тој во 2016 година „влетал“ на венчавка во њујоршки Централ Парк, а потоа учествувал и на свадбена церемонија на младенците Елизабет и Рајан.

 

Поврзани содржини