ЗАСЕГА „ВИНОВНА“ САМО ЛИЦЕНЦАТА „Беса транс“ ја изгуби дозволата за работа
Автобусот што изгоре не бил евидентиран во електронската евиденција на издадени лиценци и извод од лиценци за вршење на јавен превоз на патници што ја води Министерството за транспорт и врски.
Министерството за транспорт и врски соопшти дека на компанијата „Беса транс“ ѝ се одзема лиценцата за работа, односно ѝ се забранува вршење на дејност.
Автобусот што настрада на автоматот „Струма“ во Бугарија, во коејзагинаа 45 лица, не бил пријавен за меѓународен превоз, ниту пак за друг вид јавен превоз на патници.
„Истото возило не е евидентирано во електронската евиденција на издадени лиценци и извод од лиценци за вршење на јавен внатрешен и/или меѓународен превоз на патници која ја води Министерството за транспорт и врски. Притоа, напоменуваме дека Министерството за транспорт и врски има регистрирано четири лиценцирани возила на фирмата Беса Транс БТБ, а возилото кое учествуваше во несреќата не е меѓу нив.
Согласно член 12 од Законот за превоз во патниот сообраќај, а поради недостатоците што се утврдени од страна на Министерството за транспорт и врски, а воедно и со цел да се превенира какво било друго дејство од страна на фирмата кое би можело да предизвика негативни последици, на фирмата Беса Транс БТБ ѝ се одзема лиценцата за работа, односно се забранува вршење на дејност“, се вели во соопштението.