Засега нема скратување на полицискиот час

717

Засега нема стриктна препорака до Владата за скратување на полицискиот час, но не е исклучена можноста во периодот што следува да се разговара и за ова со оглед на тоа што се препорачува постепено олабавување на мерките и ќе почнат повеќе компании да се враќаат на работа, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција во Владата.

– Полицискиот час беше еден од факторите за да ја намалиме трансмисијата на вирусот поради тоа што кога има асполутно мирување, кога има полициски час, најдобро се спроведува контролата. Значи, во овој момент не размислувавме за скратување на полицискиот час, но може да се наметне потребата во периодот којшто доаѓа посебно поради тоа што економските оператори постепено ќе се враќаат во функција. Ја пратиме состојбата и соодветно ќе предложиме до Владата, но засега не се размислува – рече Филипче

Поврзани содржини